Собрание на Република Северна Македонија

Типови на организирани посети

ИНДИВИДУАЛНИ ПОСЕТИ

Собранието на Република Северна Македонија нуди можност за индивидуални посети за сите заинтересирани граѓани. Доколку и вие имате желба да ја разгледате зградата на Собранието и да видите каде работат пратениците, информирајте се за слободните места и термини и пријавете се веднаш преку пополнување на пријавата (апликацијата). Посетите се спроведуваат од страна на обучени водичи и се бесплатни за сите посетители. Ве очекуваме..

Дознајте повеќе

ГРУПНИ ПОСЕТИ

Доколку сте група на граѓани заинтересирана за организирана обиколка на зградата на законодавниот дом, Собранието на Република Северна Македонија ви нуди можност да остварите групна посета и да ја разгледате зградата и најрепрезентативните простории. Информирајте се веднаш за слободните места и термини. За да се пријавите, ве молиме да ја пополните пријавата (апликацијата). Максималниот број на посетители во рамките на една група може да изнесува до 40 лица. Групните посети се спроведуваат од страна на обучени водичи и се бесплатни за сите посетители. Ве очекуваме.

Дознајте повеќе

ПОСЕТА ОД ОРГАНИЗАЦИИ

Собранието на Република Северна Македонија нуди можност за групни посети од страна на образовни институции, НВО, установи и други слични организации. Доколку би сакале да ги донесете вашите ученици, студенти или членовите на вашата организација во посета на Собранието, информирајте се за слободните места и термини и пријавете се веднаш преку пополнување на пријавата (апликацијата). Максималниот број на посетители во рамките на една група може да изнесува до 40 лица. Посетите на Собранието се спроведуваат од страна на обучени водичи и се бесплатни за сите посетители. Ве очекуваме.

Дознајте повеќе

Правила

Собранието организира Отворен ден секој петок во месецот, од 10:00 до 16:00 часот, наменет за сите граѓани што сакаат да ја разгледаат зградата на Собранието како историско обележје на македонската државност и место каде што работат пратениците.

Доколку сакате да остварите посета на Собранието, потребно е да се пријавите најдоцна пет дена пред датумот на одржување на Отворениот ден, преку користење на електронската пријава подолу.

Во пријавата, внесете ги Вашите податоци: име и презиме, број на лична карта (за полнолетни лица), адреса на живеење, електронска пошта и телефонски број, како и назив на училиштето, факултетот и слично, доколку доаѓате како организација.

Странските државјани кои сакаат да остварат посета на Собранието потребно е да достават: име и презиме, адреса на живеење и број на пасош, најдоцна три недели, пред датумот на одржување на Отворениот ден на Собранието.


Времетраење на една посета изнесува 60 минути.

Бројот на лица во една група може да изнесува најмногу до 40 посетители, во придружба на еден или двајца наставници, доколку станува збор за образовна институција.

Пријавените посетители се должни да бидат пред влезот на зградата на Собранието најдоцна 10 минути пред почетокот на терминот за кој се пријавени и со себе задолжително да носат важечки документ за идентификација.

Вработените од обезбедувањето имаат обврска при влезот да ги проверат посетителите и личните работи што ги носат со себе. Сите лични предмети (ранци, јакни, чадори и слично) посетителите ги оставаат во гардероберот пред почетокот на обиколката.

Собранието на Република Северна Македонија го задржува правото да го промени терминот или да ја откаже посетата.

КОГА СТЕ ВО ЗГРАДАТА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

  • Почитувајте го редот и мирот во зградата на Собранието, не заостанувајте и не се одвојувајте од групата;
  • Не е дозволено самоиницијативно напуштање на турата од страна на учесниците, освен во случаи на голема итност;
  • Следете ги инструкциите на водичот и на вработените од обезбедувањето;
  • Не го оштетувајте имотот и инвентарот во зградата;
  • Можете да фотографирате, но не и да вршите видео снимање во внатрешноста на зградата;
  • Исклучете го звукот на мобилните телефони додека трае обиколката;
  • Обратете внимание на облеката која ја носите (несоодветна облека вклучува: спортска опрема, куси панталони, мини-здолништа, блузи со длабоко деколте или без ракави, влечки и слични обувки);
  • Забрането е внесување на храна и пијалоци;
  • Пушењето на цигари во зградата е забрането согласно законските прописи.

Непочитувањето на некое од правилата ќе доведе до отстранување на учесникот од зградата на Собранието.


Корисни информации

Зградата на Собранието на Република Северна Македонија се наоѓа во центарот на Скопје, на следната адреса: булевар 11 Октомври, број 10.

Овозможен e пристап за лица со посебни способности со помош на монтирана подвижна платформа.

До зградата на Собранието може да се стигне со автобусите број: 3, 3а, 4, 4а, 5, 7, 7б, 16, 21, 21а, 22, 24, 33 и 41.

Распоред на настани

Месечен Распоред

Отворен ден за сите граѓани.
Собранието организира Отворен ден за сите граѓани што сакаат да ја разгледаат зградата на Собранието како историско обележје на македонската државност и место каде работат пратениците.

Има преостанато 40 слободни места од 40

Лични податоци

Се согласувам со изјавата за согласност

Податоците се обработуваат!
Ве молиме почекајте!